Брзо и лесно достапни информации

ИнфоМед е платформа која ги содржи и овозможува да се пребарува низ јавни податоци поврзани со лекови, здравствени установи, документи, како медицина базирана на докази, и разни други медицински ресурси.

Иако овие информации се веќе јавно достапни онлајн, многу од нив се на различни портали од различни организации, пребарувањето се одвива бавно, информациите се нецелосни и не се обновуваат редовно, треба да знаеш точно како и каде да ги најдеш, итн.

Оваа платформа служи како еден агрегатор на сите тие информации кои постојано ги обновуваме и надоградуваме; Претставени на модерена, брза и лесно разбирлива веб страница.



ИнфоМед е:

Брз

Изграден со модерна технологија која овозможува брзо и беспрекорно користење.

Едноставен

Лесно разбирлив и едноставен за користење на компјутер, лаптоп, или мобилен телефон.

Отворен

Кодот е од отворен карактер и секој може да го прегледа или додаде во него.

Беслпатен

ИнфоМед е бесплатна алатка и никогаш нема да наплаќаме за користење на истата.